Многу работи во борбата за титулата во Премиер лигата ќе бидат појасни после утрешното градско дерби на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед го дочекува Манчестер Сити и доколку „граѓаните“ не победат, на Ливерпул му се отвара патот кон титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Важно е дека нашиот клуб е добро структуиран, но нема да коментирам што се случува во Јунајтед. Нашиот клуб во последната деценија многу порасна, па повеќе не е толку страшно да се гостува на Олд Трафорд. Сепак, мораме да го дадеме најдоброто од себе си за да победиме“, смета Гвардиола.
Пеп исто така ја коментираше и позицијата на Солскјер во Јунајтес со оглед на лошите резултати во последно време.
„Совршено го разбирам неговиот статус. Секој менаџер се чувствува сам во тешки ситуации. Тоа е реалност и мораме да ја прифатиме. Секако дека го поддржувам“, истакна каталонскиот стратег.
Сити моментално има два бода помалку од Ливерпул, а после овој натпревар, двете екипи ќе имаат по 35 одиграни натпревари.