Дома Трансфер зона Гвардиола НЕ се откажува: Пристигна и третата понуда за Марез!

Гвардиола НЕ се откажува: Пристигна и третата понуда за Марез!

Манчестер Сити не се откажува од Ријад Марез, но и Лестер не попушта, ова ќе биде трансфер сагата која веројатно ќе биде актуелна до последнта минута од преодниот рок кој завршува вечерва во 23 часот.

Имено, откако „лисиците“ одбија две понуди од „граѓаните“ од кои последната изнесуваше 55 милиони фунти, сега „граѓаните“ се враќаат со нова, трета понуда.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спорт’ Манчестер Сити испратил понуда од 65 милиони фунти за услугите на Алжирецот и сега се чека одговорот од Лестер кој претходно истакна дека не сака да го пушти својот фудбалер за сума помала од 90 милиони фунти.

Сепак, работите во таборот на „лисиците“ можеби се промениле по барањето на Марез да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…