Екипата на Манчестер Сити во текот на зимскиот рок повторно ќе се обиде да ја доведе својата голема желба.
Секако, станува збор за Алексис Санчез на кого договорот со Арсенал му истекува наредното лето, па „грѓаните“ се надеваат дека можат да го доведат за мала сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најавите Гвардиола нема намера да го чека идното лето кога Санчез ќе биде слободен фудбалер и веќе во јануари наводно ќе понуди 23 милиони за услугите на Чилеанецот.
Манчестер Сити изминатото лето за Санчез нудеше и 68 милиони евра, но Арсенал ја одби понудата и се надеваше дека ќе убеди Санчез да стави потпис на нов договор, но тоа не се случи.
Освен Санчез, „граѓаните“ во зимскиот преоден рок би можеле да го доведат и Џони Еванс 29 годишниот на ВБА.