Утре на програмата е големото дерби во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.




Иако „црвените“ многу заостануваат во моментов зад актуелниот шампион, сепак Гвардиола се уште верува дека Ливерпул е главниот конкурент за титулата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Натпреварите со Ливерпул секогаш се тешки, ќе биде тежок меч и тој во недела. Натпреварот нема да го реши шампионот. Знам дека имаат голем квалитет, но ни претстои долг пат“.




„Натпреварот не го диктира табелата туку случувањата на теренот. Секогаш го гледам Ливерпул како кандидат. Зошто да го игнорирам Ливерпул сега, октомври е? Октомври е и секој се труди да биде шампион“, изјави Гвардиола.