Вчера Манчестер Сити во дербито на колото го победи Ливерпул со убедливи 1:4.
Во овој натпревар Илкај Гундоган промаши пелан, но за негова среќа Сити славеше, а и тој се „извади“ постигнувајќи гол од игра. Неодамна голманот на Манчестер Сити, Едерсон изјави дека е одличен во изведување пенали, па сега Пеп доби прашање на таа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола потврди дека сериозно размислува Едерсон да биде прв изведувач на пенали.
„Сериозно ќе размислам Едерсон да биде прв изведувач. Го следам на тренинзите, навистина е одличен при реализацијата“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити сезонава во Премиер лигата доби четири пенали, а дури три од нив не беа реализирани. Освен Гундоган промашија уште Де Брујн и Стерлинг.