Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се најде во мали проблеми.
Пеп стана жртв на ИТ експерт кој успеа да влезе во неговиот меил и да дојде до прилично интересни податоци. Очекувано, тој се одлучи да ги стави на продажба за дури 100.000 фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во разговор за „Сан“ „хакерот“ тврди дека помеѓу пораките има и тоа како интересни податоци како што се: Броеви од телефоните на сите фудбалери, разговори со потенцијалните засилувања на Сити…
„Тоа беше најлесната работа која ја направив. Успеав да дојдам до секој меил кој го испратил. Видов многу интересни работи“, изјави тој.
Исто така потврди дека пронашол разговор околу трансферот на Матијас Де Лихт и Сократис Папастопопулос. Покрај тоа имал увид и до сите останати податоци за ѕвездите на Сити и нивните исплати.
После разговорот за „Сан“ до овој човек стигнала и полицијата која го уапсила за кражба на лични податоци. Откако бил на разговор бил пуштен на слобода, но истрагата е во тек.