Дома Фудбал Останато Гвардиола го откри еден од најдобрите играчи кои ги тренирал: „Тренирав многу играчи, но тој…“

Гвардиола го откри еден од најдобрите играчи кои ги тренирал: „Тренирав многу играчи, но тој…“

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во разговор за британските медиуми со пофални зборови зборуваше за Давид Силва.

„Граѓаните“ веќе некое време не можат да сметаат на Силва кој е надвор од терените поради проблеми со тетивата, а сега кога две недели по паузата се врати на тренинзите, задоволството не го крие Гвардиола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гвардиола говорејќи за шпанскиот фудбалер истакна, помеѓу останатото, дека Силва е еден од најдобрите со кои соработувал во досегашната кариера.

„Сум работел со многу добри играчи и во Баерн и во Барса, но Силва дефинитивно е на листата најдобри со кои сум соработувал. Сакам играчи кои ќе излезат од тие тешки моменти во кариерата и ќе кажат – Океј, се вратив“, изјави Гвардиола.

Во актуелната сезона Силва за Манчестер Сити постигна осум гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…