Манчестер Сити утре го пречекува Монако во рамките на осминафиналето од Лигата на шампиони, а Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за лидерот во француското првенство.
Монако е најпријтното изненадување во Европа оваа сезона, игра одлилно и е тим со најмногу постигнати голови во европските шампионати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум импресиониран како игра Монако оваа сезона. Играат офанзивно, нивните бекови играат како крила и повеќе време поминуваат на противничкиот простор. Скоро и да немаат слаби точки, ќе биде тешко за нас“, истакна Гвардиола.
Каталонскиот стратег на пресконференцијата застана во одбрана на својот колега Арсен Венгер бидејќи медиумите го „масакрираа“ после дебаклот во Минхен.
„Она што го слушам во последните десет дена е неприфатливо. Станува збор за начинот на кој се однесуваат кон Арсен Венгер поранешни фудбалери, новинари и други луѓе. Тоа е недостаток на почит. Ние сме оние кои донесуваат одлуки и вие можете да си зборувате што и да посакате“, јасен беше Гвардиола.