Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е блиску до комплетирање на трансферот на Хари Кејн од Тотенхем.
„Граѓаните“ за потписот на Кејн ќе платат 160 милиони фунти и со тоа трансферот ќе стане втор најскап во историјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити, освен Кејн, го сака и Џек Грилиш од Астон Вила, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.
Прва жртва на трансферот на Кејн ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.
Се шпекулира дека покрај Силва, „граѓаните“ ќе ги продаваат и Ријад Марез, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.
Bernardo Silva could be the player sacrificed by Manchester City if they go ahead with a potential move for Kane and potentially also revisit their interest in Aston Villa's Jack Grealish. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/F124LKeCFy
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 23, 2021