Дома Македонски спорт Мак фудбал Гачевски има порака за Воска: Поздрав од ПАПА ГАЧЕВСКИ!

Гачевски има порака за Воска: Поздрав од ПАПА ГАЧЕВСКИ!

Вардар славеше во дербито против Воска и се врати на првото место во Втората лига. Денес во Автокоманда црвено-црните славеа победа од 2:1.

Победата против Воска Вардар ја обезбеди во првите 20-тина минути од натпреварот. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18-тата минута, а потоа, Дарко Мицевски со еврогол зголеми на 2:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Без многу шанси на десет минути пред крајот Воска доби пенал со кој го намали резултатот. Претходно во 56. минута Бехар Фета имаше одлична можност, меѓутоа Гачевски одбрани. Тоа практично беше и се од Воска во овој дуел.

Токму голманот Филип Гачевски после натпреварот испрати порака до ривалот.

„воска спорт,поздрав од ПАПА ГАЧЕВСКИ“, напиша Гачевски на својот Фејсбук профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…