Дома Фудбал Италија Гатузо: Сличност со Сари? Двајцата сме грди!

Гатузо: Сличност со Сари? Двајцата сме грди!

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо ги насмеа новинарите на пресконференцијата пред утрешното дерби со Наполи.

Гатузо беше запрашан да ги опише сличностите со тренерот на Наполи, Маурицио Сари.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Од сличности заедничко ние што двајцата сме грди. Навистина си личиме, а не дека сме многу убави (смеа). Други сличности нема, Сари е маестро и јас можам само да учам од него“, изјави Гатузо.

Утре Донарума го игра 100-от натпревар во Серија А и ќе биде најмладиот играч во историјата на италијанскиот фудбал кој стигнал до „стотката“.

„Горд сум што работам со него. Пред нашите очи расте нешто големо, 100 натпревари на 19 години е нешто неверојатно. Има се што треба за да стане најдобар во светот и мора да работи за да биде најдобар. Треба да го подигне нивото“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова се кандидатите за нов тренер на Милан: Многумина го избегнуваат!

Консеисао како што стојат работите ќе го напушти Милан по натпреварот со Монца, а вториот …