Наполи и Милан вчера одиграа 2:2 во возбудлив натпревар во рамкитео д Серија А.
Стратегот на Наполи по натпреварот беше запрашан за пеналот и играњето со рака на Максимовиќ.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Во овој момент на памет не ми паѓа ниту еден играч кој скоканл или се движи со рацете ставени зад грб. Сезонава мислам дека имаме рекорд по бројот на пенали, тие правила мора да се променат. Секој кој играл фудбал знае дека мора да се користат рацете кога ќе скокнете. Две години зборуваме за ова меѓутоа ништо не се менува“.
Гатузо не е задоволен од реализацијата на неговите играчи.
„Им се лутам на моите играчи поради славата реализација. Потребни ни се 6-7 шанси за да дадеме гол. Не се само напаѓачите, тука се и крилата, средниот ред…Правиме навистина многу шанси, но малку реализираме. Мораме да се подобриме во тој дел“, изјави Гатузо.