Дома Фудбал Италија Гатузо се претстави: Дисциплина и многу работа!

Гатузо се претстави: Дисциплина и многу работа!

Денес на пресконференција и официјално беше претставен новиот тренер на „росонерите“, Џенаро Гатузо.

Гатузо доаѓа на местото на Монтела кој вчера доби отказ од раководството поради слабите резултати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова е специјален ден за мене и голема одговорност. Веќе 23 години сум дел од овој клуб и знам што значи Милан. Имам своја методологија на работа и за мене најважна е дисциплината. Ќе играме со тројца во одбрана и четворица во средниот ред“, изјави Гатузо.

„Во моментов сум исто возбуден како кога играв. За мене кога ќе се отвори вратата од Миланело започнува рајот. Имам добар тим на располагање и секој натпревар треба да го играме како финале. Уште од следниот против Беневенто“, додаде Гатузо и потврди дека капитен останува Леонардо Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…