Џенаро Гатузо седна на клупата на Наполи и утре ќе дебитира против Парма, а италијанските медиуми откриваат кои се неговите планови во зимскиот трансфер период.
Гатузо е задоволен со тимот кој го има на располагање и нема да прави големи промени оваа зима, но има две трансфер желби во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека првата желба на Гатузо е левиот бек Рикардо Родригез, со кого имаше одлична соработка во Милан.
Оваа сезона кај „росонерите“ блесна Тео Хернандес, па Родригез е постојано на клупата за резерви и самиот е спремен да ја промени средината.
„Родригез сака да игра и во јануари може да се случи се. За Гатузо е спремен да направи се и сигурно дека би прифатил трансфер во Наполи“, изјави неговиот агент.