Дома Фудбал Италија Гатузо и семејството поминале низ вистински терор: Поради мафијата ја напушта Италија?

Гатузо и семејството поминале низ вистински терор: Поради мафијата ја напушта Италија?

Прославениот поранешен италијански фудбалер и репрезентативец, а сега тренер, Џенаро Гатузо со своето семејство поминувал низ вистински терор од страна на една од најозогласените мафијашки групи во Италија, „Ндрангете“.

Како што пренесува „Ил Месенџеро“, припадниците на мафијата која е главна во Калабрија му се заканувале на Гатузо и неговото семејство во изминатиот период.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во замена за заштита, спомената мафијашка група барала пари, а главна мета биле таткото на Газуто Франк и сестрата Ида.

Гатузо наводно на крајот попуштил и платил неколку илјади евра за да ја зачува својата и безбедноста на семејството. Полицијата успеала да влезе во трага на сторителите и да уапси двајца осомничени.

Сепак, тоа не го смирило Гатузо кој размислува за преселба надвор од Италија на некое безбедно место. Добро известените служби во еден момент објавија дека „Ндрагета“ од трговија со дрога, рекетирање и перење пари остварува профит во висина од 3% од бруто друштвениот производ на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн со порака до Сане: „Не сакаш? Нема проблем“.

Фудбалерите на Баерн се во исчекување на голема прослава со своите навивачи во Минхен, дод…