Дома Фудбал Италија Гатузо добил нова понуда да се врати во Серија А

Гатузо добил нова понуда да се врати во Серија А

Џенаро Гатузо од кога доби отказ во Милан констатно се поврзува со ангажман во некој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона Гатузо се бореше со Милан за влез во Лигата на шампионите, не успеа да стигне до елитното натпреварување, па сопствениците одлучија дека е време да направат промена на клупата.

Го доведоа Џампаоло на местото на легендата на клубот, а тој доби отказ после седум кола.

Гатузо се поврзуваше со можност да се пресели во Сампдорија, но на крајот ја одби таа понуда.

Сега легендарниот фудбалер има нова опција.

Нов клуб кој ќе се обиде да го доведе Гатузо е Торино.

„Биковите“ после поразот од Удинезе се наоѓа на 10-тото место, а тие имаат далеку поголеми амбиции и сметаат дека е време да му се заблагодарат на Валтер Мацари.

Во Гатузо наводно глдаат идеален кандидат за местото нов шеф на стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Паргвај преку пенали ја елиминира Германија од Светското првенство

ФУДБАЛСКАТА селекција на Парагвај го обезбеди пласманот во осминафиналето на Светското прв…