Дома Фудбал Останато Гатузо во Милан може да биде наследен од Португалец?

Гатузо во Милан може да биде наследен од Португалец?

Џенаро Гатузо го напушти Милан, а од тој момент во италијанската јавност многу се пишува за тоа кој ќе го наследи на клупата на „росонерите“.

Со Милан претходно се поврзуваше актуелниот тренер на Сампдорија Марко Џампаоло како фаворит, но сега во Италија се пишува за ново име.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите на реномираниот италијански медиум „Тутоспорт“ Милан сака на клупата на овој тим да го доведе Португалецот кој го води Порто, Сержо Консеисао.

Овој човек наводно е желба на „Елиот“ групата која е сопственик на италијанскиот гигант.

Меѓутоа се наведува дека од Италија не е заинтересиран само Милан за Консеисао. Покрај „росонерите“ на својата клупа овој Португалец сака да го види Лацио од каде што се очекува да си замине Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…