Аталанта денес со 7:2 славеше на гостувањето кај Лече во рамките од 26. коло во Серија А.
Тренерот Гасперини после натпреварот сосема очекувано беше презадоволен.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Горди сме што не застанавме кога примивме два гола. На 2:2 можевме да ја изгубиме контролата, но тоа не се случи се вративме и продолживме да ја играме нашата игра. Создадовме многу шанси. Кога ќе одиграте ваков натпревар расте вашата самодоверба. Лече сезонава ремизираше со Јувентус и Интер. Имаме предност на четвртото место и се надеваме дека ќе го задржиме“.
Најави и оптимистичен напад на Скудеото.
„Ние освојуваме околу 70 бодови, за Скудето потребни се околу 90, но ако секоја година го подигаме нивото и станува по констатни не гледам зошто не би се обиделе“, изјави Гасперини.