Дома Фудбал Лига на шампиони Гасперини: За Аталанта е чест да игра против Реал Мадрид

Гасперини: За Аталанта е чест да игра против Реал Мадрид

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини сака неговиот тим да остави добар впечаток против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Тимот од Бергамо утре го пречекува шпанскиот гигант, а Гасперини вели дека за Аталанта е чест што ќе може да игра против Реал Мадрид.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Реал е најуспешниот клуб во светот, имаат многу поголемо искуство и приходи од нас. Чест е да играме против таков тим. Реал е многу опасен дури и без некои важни играчи. Ние немаме многу искусво во ЛШ, но ентузијамот е огромен“, изјави Гасперини.

„Сакаме да оставиме добар впечаток. Игравме одлично во групната фаза и заслужено сме тука. Сакаме да имаме позитивен резултат и да отидеме во Мадрид со шанси за пласман во следната фаза“, додаде тренерот на Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…