Дома Фудбал Италија Гасперини донел одлука – се продолжува големата приказна!

Гасперини донел одлука – се продолжува големата приказна!

Се шпекулираше, подолго време но Џанпјеро Гасперини ќе остане тренер на Аталанта и следната сезона. Гасперини одлучи да ја одбие понудата да го преземе Наполи и ќе ја води Аталанта и во наредната сезоната.

Искусниот стратег, кој пред пет дена со клубот од Бергамо ја освои Лигата на Европа што е прв трофеј во неговата кариера, со тоа ја продолжи својата мисија на клупата на Аталанта.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“Наполи ќе избере што е најдобро за него, а јас сум врзан за Аталанта и ќе останам овде. Сигурен сум дека Наполитанците ќе направат одличен тим, особено што веќе имаат силна основа. Сепак, јас сум лојален на Мојот клуб никогаш не сум кажал ништо друго, ниту пак сум отворил простор за некои дебати“, рече Гасперини.

Тоа може да значи и дека Антонио Конте наскоро ќе стане тренер на Наполи, за кого во медиумите се пишуваше дека ја чека одлуката на Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…