Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гана ја победи Кореја во трилер натпревар

Гана ја победи Кореја во трилер натпревар

Репрезентациите на Гана и Јужна Кореа одиграа фантастичен натпревар со пет гола, кој на крајот и припадна на африканската селекција.

И покрај фактот што Корејците подобро го отворија мечот во првите дваесетина минути, сепак Гана стигна до голема предност до полувремето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мохамед Салису во 25-та погоди за водство, а Мохамад Кудус десет минути потоа го зголеми водството на 2:0.

Меѓутоа Корејците не се предадоа, па тргнаа фуриозно во вториот дел и само за две минути дојдоа до израмнување. Чо Сунг постигна два брзи гола во 58-та и 61-та минута и ја врати Кореа во натпреварот.

Меѓутоа, десет минути подоцна напаѓачот на Ајакс, Кудус повторно ја доведе Гана во водство.

До крајот Корејците се обидуваа да дојдат до израмнување и создадоа неколку големи шанси, но не успеаа да постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Угледниот Екип ги открива желбите на Перез: „Мојот сон е да ги спојам Мбапе со…“

Според угледниот француски весник Екип, првиот човек на кралскиот клуб има јасна визија ка…