Дома Фудбал Франција Галтие за обвинувањата: Шокиран сум!

Галтие за обвинувањата: Шокиран сум!

Tренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие изјави дека е шокиран од обвинувањата за дискриминација додека работел во неговиот претходен клуб Ница.

„Навистина сум шокиран од зборовите кои ми се припишуваат и кои некои ги пренесоа на неодговорен начин и кои удираат во длабочината на мојата човечност“, изјави Галтје на прес-конференцијата во пресрет на првенствениот натпревар со Ленс. .


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претставникот за медиуми на Пари Сен Жермен изјави дека клубот го поддржува тренерот и сака да се утврди вистината.

„RMC Sport“ и другите француски медиуми ја објавија содржината на мејлот испратен од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние до сопствениците на клубот на крајот од минатата сезона, во кој се наведува дека Галтие додал дека има многу црнци и муслимани во тимот и дека затоа не може да го води клубот. Галтие ја водеше Ница од јуни 2021 до јулуГалтје ја водеше Ница од јуни 2021 до јули 2022 година.

Тој мејл го откри независниот новинар Ромен Молина, а агенцијата „Франс прес“ не можеше да ја потврди неговата автентичност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…