Главна тема во светските медуми во изминатите денови е потенцијалниот трансфер на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
Португалецот наводно ги договорил своите услови со „старата дама“, Јувентус испрати и понуда од 100 милиони евра и очекувањата се Реал да ја прифати истата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, работите би требало да бидат многу појасни после вечерашниот состанок за кој на големо пишуваат шпанските медиуми помеѓу Флорентино Перез и Мендеш, агентот на Роналдо.
Сега на темата Роналдо – Јувентус зборуваше поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани кој како што самиот кажа е добар пријател со Перез.
„Често разговарам со Флорентино Перез. Пријатели сме и заедно ги коментираме зделките на Реал Мадрид. Но, за продажбата на Роналдо во Јувентус не знам ништо“, кратко порача Галијани за „Кориере дела Сера“.
Како и да е јасно дека, Роналдо и Јувентус ќе бидат главна тема и следните денови.