Дома Фудбал Италија Галијани за легендарното финале: Морав да го заклучам Гатузо во музејот

Галијани за легендарното финале: Морав да го заклучам Гатузо во музејот

gatuso

Веќе една година Галијани не е во Милан, откако клубот го купи Кинезот Јонгхонг Ли, но легендарниот Италијанец остана навивач на „Росонерите“.

Во разговор за италијанските медиуми, Галијани зборуваше за Џенаро Гатузо кој беше еден од најважните играчи на Милан во златните денови на „росонерите“, а сега како тренер му оди прилично добро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Галијани се потсети на моментите кога Гатузо сакал да го напушти Милан после шокатниот пораз од Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите во 2005 година кога Милан имаше водство од 3:0 на полувремето.

„Во една прилика го заклучив во клубскиот музеј бидејќи не можеше да издржи. Не можеше да го преболи поразот од Ливерпул во Инстанбул и сакаше да замине поради неговата љубов кон Милан бидејќи во Миланело се го потсетуваше на тој натпревар. Меѓутоа првиот пат кога го облече дресот во следниот натпревар успеа да си ги среди мислите. Му кажав дека еден ден повторно ќе играме во финалето од Лигата на шампионите и дека можеби токму против Ливерпул“.

„Неверојатно, но после две години тоа и се случи и ги победивме. Со месеци не можев да заспијам после Инстанбул, поради тоа таа победа против Ливерпул ми беше една од најубавите во животот“, изјави Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…