Турските медиуми објавија трансфер информација која крена голема прашина во Шпанија, особено во Каталонија.
Имено, тврдат дека Хавиер Маскерано кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај. Аргентинецот веќе неколку години е еден од клучните играчи на каталонскиот клуб и наводно е во завршни преговори со турскиот клуб.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Менаџерите на Маскерано веќе имале неколку средби со раководството на Галатасарај, а медиумите тврдат дека договориле двогодишна соработка.
Барселона на лето ќе прави реконструкција на тимот, па доколку оваа информација е точна тоа значи дека клубот од „Камп Ноу“ повеќе нема да смета на 32-годишниот Аргентинец.