Дома Фудбал Италија „Газета“: Сари се врати на тренинзите за да го реши проблемот од 75 милиони евра

„Газета“: Сари се врати на тренинзите за да го реши проблемот од 75 милиони евра

Маурицио официјален натпревар водел пред точно 100 дена кога со Челзи ја освои Лигата на Европа победувајќи го Арсенал со 4:1.

Вчера на тренинзите на Јувентус се врати Маурицио Сари откако му беше дијагностицирано воспаление на плуќата поради што ги пропушти двата натпревари на отварањето на сезоната. Постоеа најави дека може да го води Јувентус против Наполи, сепак 60 годишникот тој натпревар го гледаше од трибините. Во Јувентус не сакаат да брзаат со неговото враќање бидејќи се свесни за сериозноста на ситуацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, сега кога се врати на тренинзите ќе има полни раце работа. „Газета“ пишува дека најмногу работа ќе има со Матијас Де Лихт, најскапото летно засилување кое пристигна од Ајакс за 75 милиони евра.

Поранешниот капитен на холандскиот шампион не воодушеви со првите настапи. Неговиот настап против Наполи беше загрижувачки, за среќа на таа средба го „надмина“ Кулибали со автоголот во финишот.

Проблем за Сари ќе биде отсуството на Киелини кој поради повреда ќе биде надвор од терените шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…