Според она што се пишува во медиумите, бурни реакции донел поразот на ПСЖ од Реал Мадрид, а наводно првиот човек на францускиот гигант ќе бара нов спортски директор.




Шпански „АС“ пренесува дека претседателот на клубот Насер Ал Келаифи е незадоволен од трансферите и фактот што и покрај огромните инвестиции клубот се уште е без успех во Лигата на шампионите.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Освен тоа Келаифи му замерил на Леонардо затоа што не успеал да го убеди Мбапе да потпише нов договор. Според најавите една од можните замени за Леонардо е оперативецот на Тотенхем, Фабио Партичи.