За прв пат од 3-ти март 2018 година Јувентус е симнат од првото место во италијанската Серија А.
„Старата дама“ дури 560 денови помина на првото место, но после ремито во Фиренца Јувентус му дозволи на Интер со победата над Удинезе во 3-тото коо да избие на првото место со максимални девет бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус на 3-ти март 2018 година го победи Лацио, додека Наполи кој тогаш беше предводен од Сари изгуби од Рома. Од тој момент Јувентус се до вчера не ја испушти првата позиција.
Беше тоа поход на седмата титула во низа, а „бјанконерите“ оваа сезона и понатаму се главен фаворит за Скудетото, меѓутоа Интер со Конте изгледа многу посериозно.
Секако, не треба да се отпише и Наполи на Елиф Елмас кој вчера триумфираше против Сампдорија. Ќе потсетиме, Наполи во минатото коло изгуби од Јувентус со 4:3 во натпревар во кој Кулибали си постигна несреќен автогол во судиското продолжение.