Дома Фудбал Лига на шампиони Вчера за Борусија покрај Халанд блесна и уште една млада ѕвезда (ВИДЕО)

Вчера за Борусија покрај Халанд блесна и уште една млада ѕвезда (ВИДЕО)

Не се случува често во било кој спорт после успешниот татко и синот да тргне по неговите стапки. Клаудио Рејна беше еден од најдобрите американски фудбалери во историјата, а вчера на фудбалскиот свет се претстави неговиот син Џовани.

Џовани Рејна ги помина младинските селекции на Њујорк Сити, а момчето кое е родено 2002 година во Борусија стигна за да напредува уште повеќе. Својот квалитет тој го покажа уште во младинските селекции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во младинската Лига на шампиони тој постигна четири гола на четири настапи додека на јуниорското првенство во Германија запиша исто така четири гола и додаде седум асистенции поради што во јануари беше прекомандуван во првиот тим.

После пет настапи во Бундес лигата вчера дебитираше и во Лигата на шампионите. Лусијан Фавр му даде шанса против богатиот ПСЖ. Во игра влезе во 67. Минута, десетина минути подоцна Џовани му асистираше на Халанд.

Тој ја прими топката на центарот повлече неколку метри и додаде до Халанд кој со топовски удар ја затресе мрежата за голема победа на Борусија од 2:1.

Одличен учинок за играч кој што туку треба да стане полнолетен. Изгледа како да е спремен да биде успешен како неговиот татко, па и повеќе од тоа. Џовани стана најмладиот Американец кој дебитирал во Лигата на шампионите и успеал да асистира.

Инаку неговиот татко Клаудио за селекцијата на САД настапи на 112 натпревари. Долго играше во Европа настапувајќи за Леверкузен, Волфсбург, Ренџерс, Сандерленд и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…