
Вардар после поразот од Монпелје во Скопје во Лигата на шампионите ќе се сретне со Алборг на гостински терен.




Алборг падна во Скопје, но ова сега ќе биде нов натпревар и сигурно нема да биде лесно. Пред натпреварот Вујовиќ порача дека тимот мора да ја врати самодовербата.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Сигурно дека не чека различен натпревар од тој во Скопје. Тогаш ние се обидувавме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу и успеавме. Крајниот резултат го покажува тоа. Сигурно дека тие нема да ги повторат грешките. Малку сме загрижени после натпреварот со Монпелје, очекувањата на јавноста, но и нашите беа многу поголеми. Треба да знаеме дека ние треба да направиме уште многу за да бидеме рамноправни со најсилните во Европа“, изјави Вујовиќ.




За натпреварот со Алборг Вардар нема да смета на Борко Ристовски кој пријавил здравствени проблеми.
Натпреварот се игра утре во 18:45 часот, а седум дена подоцна Вардар го чека домашен натпревар со Кил.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961