
Вардар денес го одигра првиот натпревар во СЕХА лигата, противник беше тимот на Војводина.
Црвено-црните одиграа добар натпревар и славеа победа со 25:21. Слишно како и тренерот Алушовски (тука). Задоволен од прикажаното беше и Марко Вујин.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Важен натпревар за нас, започнавме со победа. Само што ни се вратија играчите кои играа на Светското првенство, комплетни бевме на еден тренинг. Најважно е што освоивме два бода, имаше добри работи и работи кои треба да се поправат. Оптимист сум и мислам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Вујин.