Дома Останати Ракомет Вујин: Желбата е да победиме во Полска

Вујин: Желбата е да победиме во Полска

Нашиот ракометен великан Вардар утре гостува во Полска каде ќе ги одмерат силите со Кјелце во рамките на групната фаза од ЛШ.

Вардар претходното коло во Скопје беше поразен од истиот тим со 29:33, а стручниот штаб на чело со Стевче Алушовски ги анализирале грешките и ќе се обидат овој пат да се покажат во подобро светло.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така смета и десниот бек на Вардар, Марко Вујин кој најавува подобра игра и победа во Полска.

„Кјелце е еден силен противник, тоа го видовме на домашен терен на претходниот натпревар. Играњето без публика и играњето на домашен терен и не носи некоја голема улога за домашната екипа. Одработивме неколку тренинзи, направивме анализа и ги видовме грешките од првиот меч. Се надевам дека тоа ќе го поправиме.“ – рече Вујин и додаде:

„Станува збор зе една врвна екипа, но и ние сме исто така. Одиме на позитивен резултат, желбата е да победиме, па ќе видиме на крајот што ќе се случи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…