Дома Фудбал Останато Вучиќ до фудбалската мафија: Сите ќе ве уапсам!

Вучиќ до фудбалската мафија: Сите ќе ве уапсам!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ јавно и објави војна на фудбалската мафија во нашиот северен сосед.

Неодамна Славиша Кокеза го напушти местото претседател на фудбалскиот сојуз поради вмешаност во озогласената банда на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља. Сега откако од УЕФА им стигнал допис за дури 81 сомнителен натпревар, Вучиќ најави санкции.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Тажен сум кога ќе видам како изгледа завршницата на сезоната. Поради таа мафијашка банда од фудбалот ни се смее цела Европа. Сите ќе ги уапсиме! Народот ќе види дали ја зборувам вистината и како треба да се игра во следното првенство“, изјави Вучиќ.

Инаку во последните недели често пати се случува натпревари од првата српска лига да се блокиран за уплата поради големиот пад на коефициентот, а тука се урнебесените пенали и киксови, па затоа врз српското првенство има многу сомнежи за регуларноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…