Дома Фудбал Англија Враќање на заборавениот: Сами Насри пред добивање нова шанса и тоа во Премиер лигата!

Враќање на заборавениот: Сами Насри пред добивање нова шанса и тоа во Премиер лигата!

Се враќа за многумина заборавениот Самир Насри.

После забраната од шесте месеци која потоа беше проширена на 18 поради користење на недозволени средства, францускитот интернационалец би можел да се врати и тоа во – Англија!

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат островските медиуми, менаџерот на Евертон, Марко Силва веќе одржал разговори со поранешниот репрезентативец на Франција. На Евертон и тоа како му е потребен таков играч (зборувам за Насри во полн сјај) како поддршка на Гифли Сигурдсон и Ричарлисон во средниот ред.

Забраната на Насри истекува за само еден месец и ќе може да започне со тренинзи во било кој клуб. Со оглед на тоа дека е слободен агент Евертон не би имал никакви препреки да го ангажира и да го врати во Премиер лигата.

Двократниот шампион на Англија и поранешен ас на Арсенал има 31 година, па така не можеме да кажеме дека нема што да понуди во фудбалот.

https://www.youtube.com/watch?v=Umq2P2K2OZk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анализа на вештачката интелигенција: Еве како и зошто Велс ја разби Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера доживеа дебакл на гости кај Велс и се врати…