Вулверхемптон и Челзи одиграа исклучително возбудлив меч и на крајот се радуваа домаќините со гол во судиското продолжение (2:1).
Во првото полувреме мрежите мируваа, но Челзи го контролираше мечот и беше поблиску до водство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На стартот на вториот дел Жиру ги донесе „сините“ во водство. Руи Патрисио прво го одбрани неговиот удар, но топката ја мина гол-линијата.
Во 66-та минута Поденсе израмни на 1:1, а во судиското продолжение Нето го шокираше Челзи и погоди за комплетен пресврт.