Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски имаше потешкотии, но успеа да ја одбрани титулата во пердув категорија на УФЦ 251 евентот организира на Островот во Абу Даби.
Волкановски ги изгуби првите две рунди од Макс Холовеј, а потоа започна да ја спроведува неговата таткика која му донесе тесна победа. Судиите гласаа за него пред Холовеј и му овозможија да го задржи појасот.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
На почетокот на борбата доминираше Холовеј кој на ударите со нога на Волкановски реагираше со агресивност и брзи контра напади. Хавајскиот борач успеа и два пати да го зашемети Волкановски, сепак борачот со македонски корени успеа да се врати во ритам и на крај да победи.
Најмногу поени Волкановски собра во третата и четвртата рунда.
? @AlexVolkanovski keeps the belt! #UFC251 pic.twitter.com/a0wdLk1yPJ
— UFC (@ufc) July 12, 2020