Ова лето Челзи беше силно заинтересиран за Алекс Сандро и понуди неверојатни 70 милиони евра за неговиот потпис, но Јувентус ги одби без размислување.
Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ сега се кае и смета дека погрешила бидејќи никогаш повеќе нема да може да добие толкава сума за Бразилецот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Алекс Сандро оваа сезона игра непрепознатливо, медиумите тврдат дека е незадоволен што клубот не го пуштил да замине. Лошите игри придонесоа да биде резерва во дербито со Милан, а на негово место играше Асамоа.
Следното лето во Јувентус ќе пристигне Спинацола, па раководството на „бјанконерите“ најверојатно ше му дозволи на Алекс Сандро да замине од клубот.
Меѓутоа, проблем е што сега цената сигурно ќе биде помала, па Јувентус не се ни надева дека ќе ги добие 7-те милиони евра кои Челзи му ги нудеше летово.