Дома Трансфер зона Во Челзи нема место – Зума на „калење“ во Примера!

Во Челзи нема место – Зума на „калење“ во Примера!

Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се е договорено.

Според последните информации, дефанзивецот на Челзи, Курт Зума, наредната сезона ќе ја помине во шпанска Валенсија како позајмен фудбалер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Зума минатата сезона не беше во прв план кај Антонио Конте, а тоа беше и очекувано поради неговото опоравување од тешката повреда на коленото, но изгледа дека Италијанецот му ставил до знаење на Зума дека и во наредната сезона неговиот статус не би се променил.

Конте го доведе Рудигер од Рома, што е јасен показател дека за Французинот на „Стенфорд Бриџ“ повеќе нема место.

Покрај тоа конкуренцијата во одбраната се зголеми и со враќањето на Кристенсен од Менхенгладбах, а со оглед на тоа што Зума заминува, Данецот би требало да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…