Во медиумите на Островот неодамна се појавија информации за промена на сопствникот на англискиот клуб Челзи, односно дека Роман Абрамович кој направи од „сините“ гигант размислува за продажба.
Денес пак во Англија пишуваат за потенцијален потег за кој сметаат дека воопшто не е случаен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно тимот на Челзи би можел да направи редизајн на грбот кој не е променет уште од 2005 година.
Како што е добро познато, Челзи на својот грб има лав кој држи стап. Британците најавуваат дека не би имало драстични промени, туку би се редизајнирал просторот околу лавот.
Ваквите најави како што споменавме веднаш се поврзаа со информациите дека Челзи може да биде продаден.
Ќе потсетиме Абрамович го купи Челзи 140 милиони фунти, а сега би можел од продажбата да заработи околу три милијарди фунти.