Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сака да направи трансфер до крајот на преодниот рок, но изгледа негова желба е само Јувентус.
Влаховиќ сезонава игра во одлична форма и клубот се обидуваше да го продолжи неговиот договор, но понудите беа одбиени. Актуелниот договор со Фиорентина му истекува летото 2023 година и во Фиренца се свесни дека мораат да го продадат ако сакаат да заработат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем интерес за Влаховиќ покажа Арсенал кој наводно и испратил понуда од 70 милиони евра колку што бара Фиорентина, но проблемот е што тој не сака во Лондон. Влаховиќ според информациите на италијанските медиуми сака само во Јувентус. Јувентус од друга страна не е спремен сега да плати 70 милиони и нудшее 35, плус Дејан Кулушевски.
Медиумите во Италија пишуваат дека челниците на Фиорентина се лути на Влаховиќ и неговите агенти затоа што воопшто не се јавувале на телефон и не можат да стапат во контакт. Очигледно сакаат да стават до знаење дека нивна желба е само трансфер во Јувентус.