Дома Останати Кошарка Во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи третото издание на интернационалниот турнир „Драган Данилов – Цевка“

Во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи третото издание на интернационалниот турнир „Драган Данилов – Цевка“

Новото издание на интернационалниот турнир „Драган Василов – Цевка“, кој трета година по ред ќе се одржи во чест на легендарниот кошаркарски стратег чија страст беше работа со младите категории, и дефинитивно, може да почне.

Собирот во Скопје, исто како и во претходните две години, ќе биде и повеќе од интернационален карактер. Својата пријава за учество одамна ја потврдија осум екипи кои од 15. до 17. септември ќе се натпреваруваат во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Предводник на листата на учесници на овогодинешното издание е У15 селекцијата на белградски Партизан.

Во Аеродром доаѓа и повеќекратниот романски првак Клуж, Перник од Бугарија, Интер од Братислава, црногорскиот  Ол Старl Star“, и нишки Триумф.

Македонски претставници на турнирот посветен на Драган Василов Цевка ќе бидат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Вардар.

Осумте екипи на турниот, на кој ќе учествуваат момчиња родени 2009 година (и помлади), се поделени во две натпреварувачки групи.

Во групата „А“, ќе се натпреваруваат екипите на Триумф, Перник, МЗТ Скопје Аеродром и Клуж, додека во групата „Б“ ќе разигруваат: Вардар, Партизан, Ол Стар и Интер Братислава.

Влезот во СЦ „Јане Сандански“ е слободен

Организатор на турнирот „Драган Василов Цевка“ и оваа година е Општина Аеродром, а помагатели се КФСМ и Македонскиот Олимписки Комитет.

Влезот за натпреварите на овој турнир во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Новиот селектор на одбојкарите дебитира вечерва во Европската златна лига

Вечерва одбојкарската репрезентација на Македонија ја започнува Европската златна лига кој…