Во овој преоден рок Вулверхемптон и Лестер покажаа голем интерес во своите редови да го доведат јапонскиот фудбалер, Шоја Накаџима.
Овој Јапонец можеби е „анонимец“ за поголемата фудбалска јавност, но многу веројатно е дека наскоро ќе го гледаме во дресот на ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да почнеме од почеток…
Накаџима беше вистинска сензација во тимот на португалскиот Портимониенсе за него како што споменавме се интересираа премиерлигашите Вулверхемптон и Лестер, но нив ги победи – Ал Духаил од Катар!
Овој катарски клуб за неговите услуги плати цели 35 милиони евра. Така тој стана најскапиот фудбалер во историјата на Катар и најскапиот Јапонец надминувајќи го Хидетоши Наката кој Парма го купи за 28.4 милиони евра.
Е, сега како ќе заврши во ПСЖ? – Многу едноставно.
Ал Духаил и ПСЖ имаат исти сопственици. Познато е дека ПСЖ има проблеми со финансискиот фер плеј, па на овој начин многу лесно ќе го изиграат ФФП. Никој не верува сопствениците на ПСЖ платија толкава сума за овој играч да игра во катарското првенство.
Очекувањата се наскоро тој да биде испратен во Париз на „бесплатна позајмица“ со што ќе се предизвика лавина реакција во фудбалскиот свет поради новата игра на „светците“.