Два натпревари против Манчестер Јунајтед беа доволни за младиот Миле Свилар да го импресионира Жозе Мурињо кој планира да го донесе на „Олд Трафорд“, пренесува португаски „Рекорд“.
И покрај недостатокот на искуство, Свилар имаше одлично деби во Лигата на шампиони, па го импресионирал и „Специјалниот“ кој своите впечатоци му ги пренел и на претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виера.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Рекорд“ пренесува дека Мурињо му соопштил на претседателот дека внимателно ќе го следи неговиот развој. Поради тоа португалските медиуми тврдат дека престојот на Свилар во Бенфика би можел да потреа кратко, бидејќи Мурињо е редовен муштерија.
Миле Свилар е роден во Антверпен, кариерата ја започна во Белгија, а од ова лето е член на Бенфика каде неодамна стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампиони.