Дома Фудбал Англија Во понеделник ќе се разговара за можен прекин во сезоната во Премиер лигата

Во понеделник ќе се разговара за можен прекин во сезоната во Премиер лигата

Aкционерите во Премиер лигата најавија вонреден состанок за во понеделник и на него ќе се разговара за можната пауза на првенството поради големиот број заразени.

Пет натпревари кои требаше да се играат овој викенд се одложени. Менаџерот на Брентфорд Томас Франк и бараше мал прекин на сезоната со цел потоа нормално да се продолжи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Бројот на заразени со коронавирус расте во сите клубови во Премиер лигата и поради тоа сите имаат проблеми. Треба да се одложи целото коло овој викенд и Лига Купот и тоа на сите би ни дало барем една недела да се расчисти ситуацијата и да се прекине овој ланец. Со таква одлука би биле сигурни дека програмата за „Боксинг деј“ ќе се одвива според планот“, гласеше изјавата на Франк пред викендот.

„Тајмс“ објави дека раководството на Премиер лигата ќе разговара за евентуален прекин на сите натпревари на краток период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија оди на тешко гостување, но целта е иста – да се освојат три бода!

Македонската фудбалска репрезентација пред неколку дена освои бод против фаворитот Белгија…