Дома Фудбал Останато Во пензија заминува човекот кој го направи најголемото чудо во модерниот фудбал

Во пензија заминува човекот кој го направи најголемото чудо во модерниот фудбал

Италијанскиот тренер Клаудио Раниери (72) заминува во пензија на крајот на сезоната, објави италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио. Раниери го водеше Каљари оваа сезона и со овој тим успеа да избори опстанок во Серија А. Сепак, она што најмногу ќе се памети Раниери го направи во англиската Премиер лига.

Со Лестер во 2016 година италијанскиот стратег ја освои Премиер лигата, што е најголемиот успех во неговата кариера. Покрај тоа, со Валенсија го освои Суперкупот на Европа и Купот на Шпанија. Со Фиорентина го освои и Купот на Италија и Суперкупот. Интересно, тој има и две титули од второлигашка и третолигашка конкуренција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ја освои втората италијанска лига со Фиорентина во 1994 година, втората француска со Монако во 2013 година, а со Каљари го освои првиот трофеј – третата италијанска лига далечната 1989 година.

Во својата 38-годишна тренерска кариера ги водеше и Рома, Ватфорд, Сампдорија, Фулам, Нант, Интер, Јувентус, Парма, Челзи, Атлетико Мадрид и Наполи. Исто така беше и селектор на Грција во 2014 година, но репрезентацијата ја водеше само четири натпревари од кои освои само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …