Дома Фудбал Италија Во новиот договор на Икарди ќе има и посебна откупна клазула

Во новиот договор на Икарди ќе има и посебна откупна клазула

Ванда Нара изминатата ноќ ги воодушеви навивачите на Интер со објавата на својот Твитер поврзана со продолжувањето на договорот на Мауро Икарди.

Аргентинскиот напаѓач често пати е мета на разни шпекулации околу неговото заминување од Интер, но сепак изгледа ќе остане на „Џузепе Меаца“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неговата сопруга Ванда вчера објави на Твитер дека ги разгледува страниците од новиот договор што е знак дека може да остане во Интер. Аргентинецот според последните информации ќе потпише нов договор до 2023 година според кој напаѓачот би заработувал седум милиони евра годишно.

Во новиот договор на Икарди наводно ќе има и една интересна ставка која ќе важи само за клубовите надвор од Италија. Нешто слично како и во сегашниот Икарди ќе има откупна клазула од 115 милиони евра, но таа ќе важи само за клубовите кои не се од Италија и тоа во период од 1-ви до 15-ти јули.

https://www.youtube.com/watch?v=fK5LYVd1MHs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се пojави снимка на фантастичниот гол на Валверде од друг агол. Погледнете го.

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со минимални 1:0 во натпреварот од 3…