Италијанските медиуми неодамна објавија дека Милан сериозно влегол во трката за потписот на мексиканскиот репрезентативец Хектор Ерера.
Ерера со години наназад е главен организатор на играта на Порто, но Мексиканецот ова лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За него силен интерес покажаа неколку клубови од Премиер лигата и Серија А, но последните информации се дека Леонардо ја победил конкуренцијата.
Наводно „росонерите“ веќе договориле четиригодишна соработка со 28-годишниот играч за врска.
Ова го пренесува мексиканска „ЕСПН“ која е добро информирана за иднината на Ерера. Телевизијата тврди дека наскоро плејмејкерот ќе потпише преддоговор со „росонерите“.
Милан сака да го засили средниот ред за следната сезона, па Ерера сигурно ќе биде големо засилување кое ќе донесе квалитет и искуство во тимот на Џенаро Гатузо.