Дома Фудбал Во Мадрид предупредуваат на маните кои Јувентус може да ги искористи

Во Мадрид предупредуваат на маните кои Јувентус може да ги искористи

real

Реал Мадрид има од што да стравува, посебно бидејќи во натпреварувањето кое може да биде спас на сезоната играат против Италијанците кои се мајстори да одиграат тактички.

„Кралевите“ во викендот кој е зад ја победија Жирона со резултат 6:3. Но, Зинедин Зидан после натпреварот призна дека е загрижен поради еден сегмент од играта.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Реал оваа сезона во Ла Лига прими 33 погодоци, а од нив дури 10 противниците постигнаа по нафрлување од страничите позиции.

Мадритските медиуми овој сегмент го истакнуваат како најголема мана на тимот на Зидан оваа сезона и нешто на кое посебно ќе мораат да посветат внимание пред натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, проблем за Реал се последните 15 минути од натпреварот бидејќи тимот на Зидан во тој период прими дури 10 погодоци, за споредба одбраната на Барселона во тој период не капитулираше ниту еднаш.

Според медиумите во Мадрид ова се мани кои Јувентус знае да ги искористи, посебно што во тимот се враќа Марио Манџукиќ кој заедно во тандем со Гонзало Игуаин и тоа како може да бидат опасни по одбраната на Реал.

Одбранта на Реал оваа година изгледа ранлицо, покрај податокот за погодоци по нафрлувањата, генералниот впечаток е дека примија премногу. Тотенхем на „Вембли“ им даде три, но пак од друга страна ПСЖ на два натпревари само два…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…