Денес е одржан ждребот во Лигата на Европа во која настапуваат 48 клубови.
Во 12 групи не чекаат многу возбудувања, неколку големи европски тимови се спремни да се борат за трофејот, а има и интересни работи поврзани за ждребот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Малмо кој доаѓа од Шведска во групната фаза за противник го доби дански Копенханген.
Иако станува збор за клубови од различни земји, Копенхаген и Малмо се одалечени само 30 километри што е реткост во групната фаза на некое европско натпреварување.
Со автомобил од едниот до другиот град се стигнува за само 40 минути возење, а автобуската карта чини 3-4 евра, додека со воз од Малмо до Копенхаген може да се стигне за 20-30 минути.
