Дома Фудбал Останато Во кариерата заработи милиони, а сега доби тужба за неплаќање на вода и струја

Во кариерата заработи милиони, а сега доби тужба за неплаќање на вода и струја

Поранешната голема руската ѕвезда, Роман Павличенко доби тужба за неплатените сметки за струја и вода во износ од 400 евра објавија руските медиуми.

Павличенко во кариерата во која беше дел и од англискиот гигант Тотенхем заработи милиони и 400 евра не би требало да претставуваат проблем за него. Сепак, тој не ги платил сметките и стана предмет на исмејување на руската јавност.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Фирмите кои го снабдуваат со вода и стрја му поднеле тужба барајќи си ги нивните 400 евра.

Во кариерата Павличенко играше и за репрезентацијата на Русија за која постигна 21 гол на 51 натпревар. Инаку, тој се уште игра фудбал, но е далеку од најдобрите денови и настпаува во рускиот третолигаш Знамја од Ногинск.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бенитез за трансферот на Александар Исак: Ќе ви откријам една тајна

Поранешниот тренер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез (65), ги сподели своите сознанија …